Меѓународниот монетарен фонд одобри четиримесечна програма за Украина која треба да помогне во промовирањето на донаторското финансирање и одржувањето на економската стабилност во земјата разурната од војна, пишува Ројтерс.

Првиот заменик генерален директор на ММФ, Гита Гопинат, вели дека на 9 декември, Извршниот одбор на ММФ одобрил т.н. Мониторинг на програмата со учество на одборот (ПМБ), додавајќи дека програмата ќе и помогне на Украина да се справи со финансиските предизвици.

Тој посочува дека ММФ нема да даде никакви заеми за Украина, но се надева дека програмата ќе помогне да се зајакне довербата меѓу земјите донатори за поддршка на Украина.

Според програмата, Украина вети дека ќе преземе мерки за да ги зголеми своите даночни приходи, да го заживее домашниот пазар на обврзници и да го реформира финансискиот сектор.