Мировните преговори во Минск 2015 година, за решавање на руско-украинскиот спор - Фото: ЕПА

Изминативе денови меѓународната јавност е затечена од последниот предлог за поделба на Украина, кој ни помалку ни повеќе доаѓа од НАТО. Имено, шефот на Канцеларијата на генералниот секретар на НАТО, високопозицираниот Стиан Јенсен изјави дека решението на конфликтот „може да биде Украина да се откаже од својата територија, а за возврат да добие членство во НАТО“,
што е едно од можните начини да се постигне компромис меѓу завојуваните страни и додаде дека прашањето за „пренос на територија“ е веќе на менито на НАТО, бидејќи постои широк интерес да не се повтори воениот конфликт во Источна Европа.

АНАЛИЗА

Опцијата за „замрзнат конфликт“ според „корејскиот модел“ би била решение, но привремено. Ова е приближно ситуацијата што воинствениот Запад ја остави во областа на поранешна Југославија, Ирак, Либија, Сирија, на некои други места и сега во Украина – привремен мир со активирач за дестабилизација доколку е потребно…

Автор: Јадранка Половиќ,
„Геополитика њуз“

Изминативе денови меѓународната јавност е затечена од последниот предлог за поделба на Украина, кој ни помалку ни повеќе доаѓа од НАТО. Имено, шефот на Канцеларијата на генералниот секретар на НАТО, високопозицираниот Стиан Јенсен изјави дека решението на конфликтот „може да биде Украина да се откаже од својата територија, а за возврат да добие членство во НАТО“, што е едно од можните начини да се постигне компромис на завојуваните страни и додаде дека прашањето за „пренос на територија“ е веќе на менито на НАТО, бидејќи постои широк интерес да не се повтори воениот конфликт во Источна Европа.

Многу добро! Лето е, па (непријатните) вести од украинскиот фронт сѐ помалку ги полнат западните медиуми, на кои им е сè потешко да ја негираат вистината за неуспешната украинска офанзива, стотиците илјади (непотребни) жртви и инфраструктурниот и демографскиот пад на оваа најголема европска земја. Избегнувањето на суштинската дискусија за причините за оваа најопасна ситуација за Европа, но и за светот, уште од времето на кубанската криза (1962 година), останува „свето писмо“ за земјите од регионов, кое ги обликува медиумите и политичкиот дискурс.

Меѓутоа, промената на наративот е многу видлива во западните медиуми, каде што сѐ поотворено се анализираат причините и контекстот на војната во Украина и потезите на политичките и воените елити, кои водат до пораз на Западот. Така, (само) критиката веќе стана мејнстрим. Според еден американски конзервативец (види напис Џејмс В. Карден: Битката што доаѓа: Кој ја изгуби Украина, 7 август 2023 година), конфликтот обично се деконтекстуализира и се прикажува во наједноставната форма – како битка помеѓу доброто и злото, т.е. на бинарни спротивности – демократија наспроти автократија.

Токму оваа стратегија во голема мера ги ограничи параметрите на дозволеното размислување, а со тоа и анализите на војната на територијата на Украина. И служи за намерно да се збуни и инфантилизира разбирањето на луѓето за тоа што навистина се случува и зошто. Но тоа е стратегија што ја поставува основата за она што следува откако ќе стане непобитно дека Украина (а со тоа и Западот), барем засега, ја губи војната.

Авторот предупредува дека се ближат американските избори, за време на кои прашањето за војната во Украина несомнено ќе биде важен дел од кампањата. И додека украинскиот конфликт се движи кон својата катастрофална разврска, можеме да очекуваме одговорните за него да платат исто толку висока цена како архитектите на војната и фијаското што резултира во Авганистан, Ирак, Либија и Сирија. Значи, никој, според Карден. Освен тоа, застапниците на воздржана и разумна надворешна политика во САД треба да се подготват за „уште поголем притисок и обвинувања за патриотска нелојалност“. Како во Европа!

Уништувањето на Украина и демографската катастрофа

Но уништувањето на Украина од почетокот на војната е ужасно. Светската банка неодамна објави дека војната предизвикала незамисливо страдање на народот на Украина и економијата на земјата, при што БДП паднал за огромни 29,2 отсто во 2022 година. Иако Украина имаше 51,5 милион жители по стекнувањето независност во 1991 година, според процените, во 2019 година таа остана со само 37 милиони. Тековната војна резултира со голем (иако недефиниран) број воени (најчесто мажи во својот врв) и цивилни жртви и предизвика бран бегалци, чии можности за враќање се мали. Градовите беа уништени, околу осум милиони Украинци ја напуштија земјата, додека околу седум милиони беа внатрешно раселени.

Иако прогнозите за бројот на населението на Украина по завршувањето на воените дејства се различни, сите тие се крајно песимистички – тие се движат меѓу 24 и 35 милиони. Во секој случај, во 2030 година, украинското општество би можело да биде едно од најстарите во Европа, со висок процент на поединци што страдаат од повеќе болести, инвалидитет, посттрауматско стресно нарушување (ПТСН) и депресија.

Инвазијата значително ги влоши физичкото и менталното здравје на граѓаните на Украина, а покрај тоа, Украина сега се соочува со многу предизвикувачки демографски јаз, чија големина (и покрај големите ветувања) реално ќе ги попречи нејзиниот динамичен развој и повоената реконструкција. Така, како што наведува Европската комисија, „војната ќе ја постави Украина на патот на неповратен демографски пад“.

Интересен преглед на можниот крај на конфликтот неодамна даде американски експерт за меѓународни односи, угледниот професор Џон Мерсхајмер во написот „Мракот пред нас: каде се движи војната во Украина“.

Западот сакаше да ја направи Украина „бедем на НАТО на границите на Русија“

Иако е непобитен факт дека Русија ја нападна Украина, треба да се земе предвид дека од 2008 година Западот се обидува да ја „направи Украина бедем на НАТО на руските граници“, пишува авторот. Решен да ја победи Русија и да ја отстрани од редовите на големите сили, дури и да предизвика промена на режимот или негов колапс, Западот, предводен од САД и НАТО, има цел стратегиски да ја порази Русија. Москва гледаше на таквите цели како на егзистенцијална закана за нејзиниот опстанок. Русија затоа смета дека мора да ја добие војната! Но, според Мерсхајмер, таа победа би можела да биде Пирова. Имено, вистинскиот исход за Русија беше содржан во барањата за безбедносни гаранции што Русија ги испрати до САД и НАТО во декември 2021 година – неутралност на Украина, како и автономија на Донбас. Се чини дека овие цели беа основата на преговорите во Истанбул меѓу Киев и Москва во март 2022 година, а доколку постоеја политичка смисла и волја, сегашната војна можеше да се спречи или брзо да заврши.

Сепак, ништо не произлезе од договорот, а воениот конфликт ескалира. Русите набрзо објавија дека сакаат денацификација и демилитаризација на Украина, што укажуваше на намерата да ја контролираат целата територија на земјата, да ги принудат нејзините воени сили да се предадат и да воспостават „пријателски“ режим во Киев. Сепак, тие набрзо се откажаа бидејќи стана јасно дека промената на режимот сигурно ќе заврши со катастрофа за Москва, како резултат на што Русија се фокусираше на многу конкретни цели – анексија на значителен дел од украинската територија, истовремено претворајќи ја Украина во дисфункционална фрагментирана држава. Особено по раскинувањето на Договорот за жито, кога се најде во позиција да ѝ нанесе значителна штета на украинската економија. На пример, руската контрола на целиот украински брег по должината на Црно Море значително би ја намалила способноста на Украина да води војна против Русија, по што нејзиното членство или во ЕУ или во НАТО би станало сомнително. Згора на тоа, скршената Украина би била особено ранлива на руското мешање во нејзината внатрешна политика. Накратко, Украина повеќе нема да биде „бастион на Западот на руската граница“, заклучува Мерсхајмер.

Ревидирани целите и егзистенцијалните закани на Русија

Но договор што ги задоволува целите на Русија веќе не е релевантен. Украина е де факто дел од НАТО, така што украинската неутралност тешко може да биде дел од договорот. Во меѓувреме, Москва официјално ги анектира украинските територии густо населени со етнички Руси – Крим (2014), Донецк, Керсон, Луганск и Запорожје (2022) – кои заедно претставуваат околу 23 отсто од вкупната територија на Украина (некои од овие области не се контролирани од Русија). Русија нема намера да ја предаде таа територија, но во исто време не сака нови, претежно населени со непријателски етнички Украинци, што претставува значителни ограничувања за натамошното руско проширување.

(Продолжува)