Фото: Принтскрин

Илон Маск, новиот сопственик на Твитер, синоќа најави дека од следната недела повторно ќе ги отвори суспендираните профили на оваа социјална мрежа „под услов да не го прекршиле законот или праќале безвредни електронски пораки на срамен начин“.

„Народот зборуваше, амнестијата почнува следната недела“, напиша Маск на Твитер додавајќи порака на латински јазик „Гласот на народот е глас на боговите“ (Vox Populi, Vox Dei).

Маск пред два дена објави анкета со прашањето „Дали Твитер треба да понуди општа амнестија за затворени профили?, под услов корисниците да не го прекршиле законот и да не користат скандалозни „спам пораки“? Да/Не“.

Пет часа подоцна пристигнаа одговори од околу два милиони корисници, кои во огромно мнозинство гласаа „за“ повторно активирање на затворените профили.