Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев оцени дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе има „монструозни последици“, односно уривање на принципот на правото.
Медведев на Телеграм напиша дека судиите на МКС се осмелиле да „кренат рака на најголемата нуклеарна сила“, пренесува РИА Новости.
Според неговата проценка, ефективноста на МКС е нула.
На 17 март, Судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд (МКС), чија јурисдикција Русија не ја признава, издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лавова-Белова, кои се сомничат за воени злосторства, вклучително и илегалната депортација на деца од Украина во Русија.