Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги обвини САД, Јужна Кореја и Јапонија дека се подготвуваат за војна со Северна Кореја.
Лавров на синоќешната прес-конференција во ОН истакна дека новиот воен блок околу САД ги зголемува своите активности.
– Одеднаш, јужнокорејската реторика стана уште понепријателска кон Пјонгјанг, наведе Лавров, додавајќи дека „агресивна реторика“ се слуша и од Јапонија и дека Токио сериозно зборува за поставување инфраструктура на НАТО со американска помош – истакна шефот на руската дипломатија.
Според Лавров, целта на тој воен блок е јасно изразена, тие „се подготвуваат за војна со Демократска Народна Република Кореја.
Лавров тврди дека САД и азиските сојузници исто така разговараат за развој на соработката поврзана со нуклеарни прашања.
САД, Јужна Кореја и Јапонија минатата година спроведоа заеднички поморски вежби во кои учествуваше американски носач на авиони.