Кремљ денеска оцени дека исклучувањето на Русија од Г-20, како што бара американскиот претседател Џо Бајден поради војната во Украина, нема да биде „фатално“
– Што се однесува до форматот на Г20, тој е важен – изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Но, во сегашната ситуација, кога повеќето од учесниците во овој формат се во состојба на економска војна со нас, ништо фатално нема да се случи – оцени Песков.