Крајот на војната во Украина е далеку, тврди поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, говорејќи пред комисиите за надворешни работи и одбрана на Европскиот парламент.
Расмусен повика да се обезбеди повеќе и потешко оружје за украинските војници.
Според него, „наместо да се чека офанзива на пролет, подобро е да се биде подготвен за масивни напади веднаш“.
– Најдобар начин за брзо завршување на војната е сојузниците на Украина да се подготват за долг конфликт. Ова е најдобриот начин да се постигне мир. Ако (рускиот претседател Владимир) Путин успее во Украина, тој ќе оди напред – посочи тој.
– Нашиот пристап досега беше премногу постепен, така што секогаш сме еден чекор зад Путин. Војната не се добива со чекори. Потребно е изненадување за непријателот, потребна е долгорочна стратегија. Неопходно е по војната Русија повеќе да не биде во позиција за такви акции и Украина да може да се опорави и да влезе во ЕУ. Го поддржувам барањето на Украинците за влез во НАТО, но за тоа ќе биде потребно време – додаде Расмусен.
Тој ги дефинираше како историски одлуките за обезбедување западни тенкови на Украина.
– Путин веруваше дека тоа ќе ја подели Европа и ќе ја ограничи поддршката за Украина, нo се надева дека заканата од употреба на нуклеарно оружје ќе ја ограничи помошта за Киев – додаде Расмусен.