Според прелиминарните проценки, кинеската економија пораснала за 5,3 отсто на годишно ниво во првиот квартал од 2024 година, по растот од 5,2 отсто во претходниот квартал – објави Националното биро за статистика на Кина.
Во првиот квартал од 2024 година, индустриското производство во Кина се зголеми за 6,1 отсто на годишно ниво – конкретно, рударството за 1,6 отсто, производството за 6,7 отсто, а производството и снабдувањето со електрична енергија, топлинска енергија, гас и вода за 6,9 отсто проценти – пренесе „Танјуг“.
Во истиот период, кинеското производство на висока технологија порасна за 7,5 отсто на годишно ниво, што е за 2,5 отсто повеќе отколку во четвртиот квартал од 2023 година. Инвестициите во основни средства се зголемија за 4,5 отсто на годишно ниво, а услугата сектор за пет проценти.
Кинеската продажба на мало на стоки за широка потрошувачка порасна за 4,7 отсто на годишно ниво – истакнува Националното биро за статистика на Кина.
– Целта на кинеските власти е да ја пораснат економијата за пет отсто во 2024 година, што се совпаѓа со најновите прогнози на банкарските корпорации „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“ – објави Ројтерс.