Фото: МНР на Белорусија

Втората рунда преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи вечерва, потврди денеска советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Алексеј Арестович. Според него, делегациите на двете страни ќе останат непроменети.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави можност за продолжување на разговорите вечерва. Тој рече дека руската делегација ќе пристигне во попладневните часови на местото каде што треба да се одржи нова рунда преговори со претставниците на Украина и дека ќе бидат подготвени вечерва да ги продолжат разговорите. Песков одби да прецизира на која локација ќе се одржи состанокот.

Првата рунда преговори се одржа во понеделникот.

Руската делегација ја предводеше советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа беа и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на Думата Леонид Слуцки.

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников е на чело на украинската делегација во која се советникот на началникот на Генералштабот Михаил Подољак, лидерот на слугата на народот Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Николај Точицки.