Големата швајцарска банка Ју-бе-ес ќе ја преземе ривалската Кредит Свис која западна во длбока криза, соопштуваат од Сојузниот совет, како и претставници на двете институции и нивните надзорни одбори. И швајцарската надзорна управа Финма се согласи со преземањето. Досегашниот шеф на управниот одбор на Кредит Свис, Колм Келехер, ќе стане претседател на новата банка, додека шефот на Ју-бе-ес, Ралф Хамерс, ќе стане нејзин извршен директор.
Ју-бе-ес ќе ја преземе Кредит Свис за цена од три милијарди франци, кои ќе бидат платени со сопствени акции. Акционери на Кредит Свис со тоа за 22,48 акции на својата банка ќе добијат 1 акција на Ју-бе-ес. Кредит Свис ја има изгубено довербата на финансиските пазари, рече швајцарскиот претседател Алан Берсе на краткорочно закажана предконференција. Преземањето од страна на Ју-бе-ес е најдоброто решение за повторно да се воспостави доверба, оцени тој. Берсе додаде дека тоа не е „од клучно значење” само за Швајцарија, туку и за целосниот глобален финансиски систем.