Полицијата во Јордан денеска соопшти дека открила и уништила експлозивни направи кои биле складирани во станбена зона на главниот град Аман и изјавиле дека истрагата е во тек.
Експлозивите се пронајдени во куќа во населбата Марка, североисточно од главниот град, а се уништени на лице место по евакуацијата на локалните жители, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Дирекцијата за јавна безбедност.
Во полициското соопштение не се наведува дали постои сомнеж дека експлозивот е поврзан со тероризам.