Претседателски избори во Бугарија

Рекордно нискиот одзив од околу 22 отсто го обележа првиот круг од претседателските избори во Бугарија, одржани во неделата. Притоа најмногу гласачи го искористиле своето право во главниот град Софија, вкупно 18,36 отсто.
Двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев е во водство по првиот круг од претседателските избори во Бугарија, според податоците објавени од Централната изборна комисија, врз основа на обработени 98,99 проценти од гласовите. Јотова и Валчев освоиле 528.753 гласа (34,76 отсто), додека по нив следува двојката Андреј Ѓуров и Георги Кандев со 485.927 гласа (31,94 отсто), а на третото место се Костадин Костадинов и Петар Волгин со 190.812 гласа (12,54 отсто). Вкупно 67.323 гласачи (4,4 отсто) се изјасните дека „не поддржуваат никого“.
Резултатите отстапија од предвидувањата, според кои, се очекуваше убедлива победа на актуелната претседателка Јотова, која се кандидираше со поддршка на премиерот Румен Радев. Поранешниот бугарски премиер Ѓуров повторно ја повика Јотова на „чесна и цивилизирана“ телевизиска дебата, откако таа претходно ги одбиваше поканите за телевизиски дебати.
Едно од главните прашања во кампањата беше зголемената загриженост за безбедноста, предизвикана од колебливиот одговор на бугарската влада на нападите со беспилотни летала во Црно Море, во услови на тековната војна во Украина, што ја истакна поделбата меѓу кандидатите во однос на ставовите кон Истокот и Западот. Аналитичарите велат дека изборите ќе покажат дали Софија ќе го задржи својот евроатлантски курс или ќе заземе повнимателен пристап кон Русија.
Бугарија ќе го избере седмиот претседател во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи в недела на 1 ноември. Бугарските граѓани ќе избираат меѓу претседателските двојки Јотова – Влчев и Ѓуров – Кандев. Р.С.


Вкупно 352 бугарски државјани во Македонија гласале на седумте избирачки места во земјава

Вкупно 352 бугарски државјани во Македонија гласале на седумте избирачки места во земјава на вчерашните избори за претседател и потпретседател на Бугарија. Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев освоила најмногу гласови меѓу 352 гласачи во Македонија, според податоците од Централната изборна комисија на Бугарија. Претседателската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев освои 40,7 отсто од гласовите, Андреј Ѓуров и Георги Кандев се на второто место со 25,6 отсто од гласовите, додека Костадин Костадинов и Петар Волгин освоија 14,5 отсто. Избирачки места беа отворени во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Кочани и во Прилеп. Р.С.