РАКОМЕТ
- Во третото коло ќе настапат 32 екипи од 24 земји, Грција и Словенија имаат по три тима, а Македонија, Романија, Србија и Швајцарија по два, пишува ЕХФ
По завршувањето на второто коло викендов, 32-те екипи што се пласираа понатаму во Европскиот куп за ракометари денеска ќе ги дознаат ривалите, а македонските претставници, Охрид и Алкалоид, се во првиот барабан пред ждрепката (од 11 часот) што ќе биде влечена во Виена.
Во третото коло ќе настапат вкупно 32 екипи од 24 земји. Грција и Словенија имаат по три тима во конкуренција, а Македонија, Романија, Србија и Швајцарија се претставени со по два, пишува Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Учесниците во оваа рунда на Европскиот куп во ракомет се поделени во два барабана, со по 16 екипи. Правото на домашен терен во првиот натпревар ќе му биде доделено на тимот што прв ќе биде извлечен, пишува Европската ракометна федерација.
Грција, Романија, Словенија, Србија и Швајцарија имаат тимови во двата барабана. Бидејќи за време на извлекувањето нема да се применува правилото за заштита на земјата, национални дербија за тие тимови би можеле да бидат можни во третото коло, пишува ЕХФ.
Третото коло почнува на 21 и 22 ноември, по што следуваат реваншите една недела подоцна, на 28 и 29 ноември.
Во првиот барабан се Охрид (Македонија), Алкалоид (Македонија), ЈАГС Веслау (Австрија), Дукла (Чешка), БK-46 (Финска), Олимпијакос (Грција), ПАОК (Грција), ПЛЕР Будимпешта (Унгарија), Хаукар (Исланд), Рунар Сандефјорд (Норвешка), Ребуд КПР Островја Остров (Полска), Политехника Темишвар (Романија), Тримо Требње (Словенија), Војводина (Србија), Берн (Швајцарија) и Бешикташ (Турција).
Во вториот барабан се наоѓаат Слога Добој (БиХ), Горица (Хрватска), Пилва Сервити (Естонија), Х71 (Фарски Острови), АЕК (Грција), Рамхат Хашрон (Израел), Рајмонд Сасари (Италија), Драгунас Клаипеда (Литванија), Ловќен Цетиње (Црна Гора), Волендам (Холандија), Потаиса Турда (Романија), Горење Велење (Словенија), Словењ Градец (Словенија), Дубочица 54 (Србија), Пфади Винтертур (Швајцарија) и Повазска Бистрица (Словачка). Н.М.































