Ирска сигурно ќе ја признае палестинската државност до крајот на мај, изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата, Мајкл Мартин, без да прецизира датум.
-Ќе ја признаеме државата Палестина пред крајот на месецот – изјави Мартин, кој е и вицепремиер на Ирска, за радио станицата „Њузток“.
Говорејќи денеска тој рече: „Ќе ја признаеме државата Палестина пред крајот на месецот. Конкретниот датум е сè уште флуиден бидејќи сè уште сме во разговори со некои земји во однос на заедничкото признавање на палестинската држава“.
-Ќе стане јасно во следните неколку дена за конкретниот датум, но тоа секако ќе биде пред крајот на овој месец и со нетрпение ќе ги очекувам денешните консултации со некои министри за надворешни работи во однос на конечните конкретни детали за тоа – додаде Мартин.