Нападот на Иран врз Израел е „легален, рационален и легитимен одговор на терористичките акти“, соопшти денеска иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк на социјалната мрежа Х (Твитер).
„Доколку ционистичкиот режим се осмели да одговори или да изврши дополнителни злонамерни дејствија, ќе следи голем одговор. Регионалните држави и ционистичките поддржувачи се советуваат да се оградат од режимот“, напиша мисијата.
Во меѓувреме, висок ирански функционер изјавил за западни медиуми дека иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи дал наредба ракети да бидат истрелани кон Израел. Тој додал дека Техеран „е целосно подготвен за каков било одговор“.
Сирени за воздушен напад низ целата земја, Иран лансираше проектили кон Израел
Бајден и наредил на американската војска да и помогне на израелската одбрана против иранските напади