protivraketen sistem
Фото: ЕПА

Иран денеска презентираше нови оружја, вклучувајќи го и тоа, кое спред Техеран, е домашно производство, противракетниот систем „Амран“ и „Азаракш“, систем за противвоздушна одбрана на мала височина, објави иранска новинска агенција.

Презентацијата на новите оружја се случува во време на зголемени тензии во регионот, при што јеменските борци Хути, поддржани од Иран, извршија серија напади врз бродови поврзани со САД, Велика Британија и Израел во Црвеното Море во знак на солидарност со Појасот Газа.

Како одговор на нападите на Хутите, САД нападнаа цели во Јемен, како и објекти на групи поддржани од Иран во Ирак и Сирија. За возврат, американските воени бази беа нападнати во Сирија и Ирак.

Денешната церемонија за презентација на двата мобилни системи се одржа во присуство на иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Мохамад Реза Аштиани.