Иран планира да испрати ракети и дронови во Сирија и да го зголеми бројот на своите воени советници таму за да му помогнат на претседателот Башар ал Асад во неговата борба против бунтовниците, соопшти висок функционер на Исламската Република.
– Техеран веројатно ќе мора да испрати воена опрема, ракети и беспилотни летала во Сирија… Техеран ги презеде сите неопходни чекори за да го зголеми бројот на своите воени советници во Сирија и да распореди сили – изјави иранскиот претставник.
Тој додаде дека „Техеран во моментов и обезбедува на Сирија разузнавачка и сателитска поддршка“.