Хамас попладнево ослободи три заложнички, кои се првите од стотината што треба да бидат пуштени од заложништво според договорот со Израел за прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти израелската војска.
Маѓународната организација на Црвениот крст потврди дека нивни преставници ги презеле трите заложнички и се на пат кон Израел.
Ослободувањето на првите заложници го потврди и претставник на Хамас.
Според израелските медиуми, првите три ослободени заложнички се Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен.