Големите земјоделски сили, вклучително ЕУ, САД, Канада и Австралија, денеска ветија дека ќе обезбедат безбедност во однос на храната во светот и покрај шоковите предизвикани од руската инвазија врз Украина.
– Ние сме посветени да работиме заедно за да обезбедиме да има доволно храна за сите, вклучително и најсиромашните, најранливите и раселените-се вели во заедничката изјава сите 51 членка на та Светска трговска организација.
Тие, исто така, ветија дека ќе ги задржат земјоделските и прехранбените пазари „отворени, предвидливи и транспарентни“ и оти нема да воведуваат неоправдани рестриктивни трговски мерки за земјоделско-прехранбените или клучните земјоделски производи.
Земјите потписнички, исто така, нагласуваат дека итните мерки за справување со ситуацијата треба да предизвикаат што е можно помалку нарушувања, да бидат привремени, насочени и пропорционални.
Русија и Украина се двата водечки извозници на брашно, пченка, семе од репка и сончогледово масло. Покрај тоа, Русија е најголемиот светски снабдувач со ѓубрива и гас.
Руската офанзива врз Украина, која почна на 24 февруари, и економските санкции воведени против Москва, го прекинаа извозот на брашно и прехранбени производи од овие две земји, што доведе до скок на цените на храната и цените на горивата, особено во земјиАрхивате во развој.