Фото: Северен тек/принтскрин

Германија пронашла траги од подморски експлозив во примероци земени од јахта „за која постои сомневање дека билa користенa за транспорт на експлозивo“ во саботажа на гасоводот „Северен тек“, се вели во писмото испратено до Советот за безбедност на Обединетите нации заедно со Шведска и Данска.

Серијата досега необјаснети експлозии ги прекинаа гасоводите Северен тек 1 и 2, кои ги поврзуваат Русија и Германија под Балтичкото Море, во септември минатата година во ексклузивните економски зони на Германија, Шведска и Данска.

Секој од нив води посебна истрага и ги испратиле најновите информации, во кои увид имал „Ројтерс“,во пресрет на 15-члениот состанокот на Совет за безбедност на барање на Русија, која тврди дека не била информирана за напредокот на истрагите.

– Ниту една од истрагите не е завршена и се уште не може да се каже кога ќе бидат завршени. Природата на актите на саботажа е без преседан, а истрагите се сложени – напишаа Германија, Шведска и Данска во заедничкото писмо во кое ги ажурираат информациите за истрагата.

Во заедничкото писмо се наведува дека Германија го истражува „сомнителното изнајмување на едрилица“ што било изнајмено на начин што „да го скрие идентитетот на вистинскиот изнајмувач – пренесе „Танјуг“ повикувајќи се на „Ројтерс“.

Германија сè уште го испитува прецизниот тек на бродот.

– Постојат сомненија дека овој брод можеби бил користен за транспорт на експлозив кој предизвика експлозија на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“. Во примероците земени од пловилото за време на истрагата се пронајдени траги од подморски експлозиви – се вели во извештајот на германската истрага.

Се додава дека, според проценките на експертите, можно е обучени нуркачи да закачиле експлозив на местата каде што се оштетени гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, кои се поставени на морското дно на длабочина од околу 70 до 80 метри.

„Во овој момент не е можно со сигурност да се утврди идентитетот на сторителите и нивните мотиви, особено во однос на прашањето дали со инцидентот управувала државата или актер во име на државата“, се наведува во писмото до германскиот истражен извештај.

Москва тврди дека Западот стои зад експлозиите, а западните влади негираат вмешаност, како и Украина, која се бори против руската агресија од нападот во Москва во февруари 2022 година.