Фото: Принтскрин

Претседателот на Фондот „Отворено општество“ на американскиот милијардер Џорџ Сорос, Алекс Сорос, изјави дека организацијата ќе се откаже од голем број активности. Сепак, како што додаде, поддршката на тој фонд во Украина и на Балканот ќе продолжи.

– Ќе се откажеме од некои области на работа (во Европа). Исто така, значително ќе го намалиме персоналот. Нема сомнеж дека ќе продолжиме да го поддржуваме нашиот фонд во Украина – напиша Алекс Сорос во написот за „Политико“.

Во исто време, Сорос смета дека победата на „МАГА републиканците“ (екстремна фракција на републиканците, именувана по изборниот слоган на Доналд Трамп „Make America Great Again“) на претседателските избори во САД во 2024 година би била полоша за ЕУ, отколку за САД.

Таквиот исход, според него, ќе го загрози европското единство и ќе го поткопа напредокот постигнат на многу фронтови како одговор на војната во Украина.

Тој додаде дека фондот ќе биде приспособен за да може да реагира на какви било случувања од двете страни на Океанот.