Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе ѝ го „скрши рбетот“ на високата инфлација во земјата на почетокот на 2023 година.
Годишната инфлација во Турција забави во ноември за првпат по една и пол година – на 84,39 отсто, од 85,51 отсто во октомври, објави претходно Националниот институт за статистика (ТУИК). Зголемувањето на потрошувачките цени во ноември, според податоците на агенцијата, изнесува 2,88%.
-Чекор по чекор го решаваме прашањето за трошоците за живот и инфлацијата што е на дневен ред на сите, вклучително и Европа и Америка. Благодарение на мерките што ги презедовме, се надеваме дека ќе го скршиме грбот на инфлацијата на почетокот на следната година – рече Ердоган во видео пораката до учесниците на самитот и програмата на групата „Мани ток“.
Според турскиот лидер, нивото што земјата го достигна во одбранбената индустрија за кратко време стана „една од гордоста на нацијата“.
-Во 2002 година извозот на производи од одбранбената индустрија изнесуваше само 248 милиони долари, а лани го срушивме рекордот – 3 милијарди 224 милиони долари. Годинава очекуваме извоз од над 3 милијарди долари. Од оружје и муниција до ракети, од беспилотни летала, копнени и поморски возила до хеликоптери и бродови – ние ги дизајнираме, произведуваме и развиваме системи што ни се потребни во широк опсег во земјата и на национално ниво“ – рече Ердоган, како што е соопштено од РИА.