Три лица загинаа, а шест се повредени во експлозија на три цистерни со нафта во индустриската зона на Абу Даби, вториот по големина град во Обединетите Арапски Емирати. На местото на експлозијата избувнал пожар.

Полицијата соопшти дека меѓу загунатите две лица се државјани на Индија а едно на Пакистан. Не се идентификувани повредени за кои се вели дека имаат полесни до умерени повреди.

Од полицијата соопштуваат дека на местото на настанот пред експлозијата биле видени дронови.

– Првичната истрага откри делови од мало летало кое се претпоставува дека е дрон, а тие летала можеле да предизвикаат експлозии и пожар – се вели во соопштението на полицијата за државната новинска агенција „ВАМ“.

Претходно, портпаролот на Хутите, бунтовничка група поддржана од Иран, објавил дека започнува операција против Обединетите Арапски Емирати. Неколку локални медиуми објавија дека пожар имало и на локацијата каде што се гради новиот аеродром во Абу Даби.

Според „Ерусалим пост“, Хутите ја презеле одговорноста за нападот.

Двата пожари се ставени под контрола, а не е забележана поголема штета при експлозии и пожари, пренесува „Ал Арабија“.