Фото: Принтскрин

Египетските воздухопловни сили денеска испуштија хуманитарна помош во блокираниот Појас Газа, oбјави „Анадолија“.

Повикувајќи се на воени извори, египетскиот јавен медиум „Ал Кахера“ пренесува дека операцијата за испуштање помош од авионот била извршена во соработка со Јордан и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Како што се наведува во објавата, десет тони хуманитарна помош биле исфрлени во северниот дел на Појасот Газа.

Во соопштението пренесено од новинската агенција, армијата наведува дека операциите за фрлање помош биле извршени со три јордански авиони и француски авион Ц-130 на 11 крајбрежни локации од север до југ на Појасот.

Таа додаде дека помошта на кралот Абдула Втори била во вид на храна, односно готови оброци со висока хранлива вредност, со цел да се олеснат маките на жителите на Појасот Газа.

Јорданската армија, исто така, соопшти дека новата операција на воздушно пуштање помош има за цел директна испорака на намирници до населението и додаде дека ќе продолжи да испраќа помош преку меѓународниот аеродром Ал-Ариш во Египет или преку операции за воздушно фрлање директно на територијата на Појасот Газа.