Русија го подготвува теренот за анекстирање на окупираните делови на Украина преку одржување референдуми, јави ДПА.
Првиот заменик-шеф на администрацијата на Кремљ, Серхиј Кириенко вчера посочи на неодамнешни анкети кои покажуваат дека во источните украински региони Доњецк и Луганск, познати како Донбас, поддршката за приклучување кон Русија е меѓу 91 и 92 отсто.
Во неодамна окупираните региони Херсон и Запорожје, поддршката е меѓу 75 и 77. Рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати изјави дека доколку луѓето покажат поддршка за приклучување кон Русија, Кремљ ќе ги исполни нивните барања.
Сепак, Москва нема целосна контрола врз сите области за кои навести дека е подготвена да ги припои. Украина сè уште држи под контрола големи делови од Доњецк и јасно стави до знаење дека подготвува контраофанзива во Херсон.
Исто така, многу луѓе се скептични за валидноста на податоците. Рускиот информативен сајт „Медуза“ неодамна посочи дека според нејзините анкети има рамномерна распределба на гласовите – 30 отсто поддржуваат приклучување кон Русија, 30 отсто се против, а останатите 30 отсто немаат мислење.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе се врати во Донбас.