Фото: Принтскрин/Јутуб

Полскиот парламент вечерва го избра Доналд Туск, лидерот на центристичката партија Граѓанска платформа за нов премиер, по осумгодишното владеење на партијата Право и правда на претходниот премиер Матеуш Моравјецки.

Туск стана премиер откако, претходно денеска, долниот дом на полскиот парламент и изгласа недоверба на владата на Моравјецки.

Туск беше избран за премиер речиси два месеца по парламентарните избори, со помош на коалициските партнери, меѓу кои се и левичари и умерени конзервативци.