Фото: Фејсбук

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека ќе им помогне на лидерите во нуклеарната индустрија да ги намалат бирократските процедури за финансирање и изградба на нови електрани, со што Британија повторно ќе добие 25 отсто од енергетските потреби од нуклеарната енергија.

Помошник на британскиот премиер изјави пред новинарите дека Џонсон со нетрпение ги очекува проектите за нуклеарна енергија бидејќи сака да најде начин да го реши спиралниот пораст на цените што му се закануваат на народот кој го доведе на власт со големо мнозинство на изборите во 2019 година.