Фото: Принтскрин

Во Табриз, на северот на земјата, во тек е комеморацијата и церемонијата на проштавање на загинатиот ирански претседател Eбрахим Раиси.

Телото на Раиси до четврток ќе биде во неговиот роден град Машхад, каде што ќе биде погребан.

Десетици илјади луѓе се собраа да му оддадат почит.
Ова е втор од петдневната национална жалост што ја објави иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.
Раиси загина во неделата во хеликоптерска несреќа заедно со министерот за надворешни работи и уште седум други лица.