Иран e далеку пред Израел по бројот на активни војници / Фото: ЕПА

Се поставува и прашањето каква е воената моќ на Израел и на Иран и кој би имал предност во случај на воен судир, при што британските медиуми објавија извештај што дава увид во воените капацитети на двете држави

Компаративен приказ на воените капацитети на Иран и на Израел, државите што се наоѓаат на работ на воен судир

Се забележува агресивна реторика од Израел и од Иран додека се подготвува потенцијална војна помеѓу нив, која би можела да го опфати поширокиот регион, соочувајќи го Блискиот Исток со голема криза. Се поставува прашањето каква е воената моќ на Израел и на Иран и кој би имал предност во случај на воен судир, при што британските медиуми објавија извештај што дава увид во воените капацитети на двете држави.

Израел има поголем буџет, но Иран поголема копнена и поморска моќ

Иран е зад Израел во однос на буџетот за одбрана, но е далеку пред Израел по бројот на активни војници, според извештајот. Податоците покажуваат и дека буџетот за одбрана на Израел е 24,2 милијарди долари, додека иранскиот одбранбен буџет е 9,9 милијарди долари. Зборувајќи за воздушната моќ, Израел има 612 авиони, а Иран има 551 авион. Слаба точка на Иран се воздухопловните сили, чиј ’рбет се состои од борбени авиони „томкет“, „миг-29“ и „Ф-14“. Поради ова, Техеран склучи договор со Москва за купување повеќенаменски авиони „су-35“, но не се знае колку и кога ќе бидат испорачани овие авиони.
Сепак, во однос на тенковите, Иран има речиси двојно поголема сила од Израел. Израел има 2.200 тенка, а Иран има 4.071 тенк. Иран е пред Израел и според поморската моќ. Израел има 67 воени бродови, додека Иран има долгогодишна флота од 101 воен брод. Освен ова, Израел има 43 илјади оклопни возила, додека Иран има 65 илјади оклопни возила.
Иран е значително посилен од Израел и по бројот на војници. Израел има 1,73 милион, а Иран 5,75 милиони активни војници. Освен ова, Израел има 4,65 милиони резервни војници, додека Иран има 3,5 милиони резервни војници. Според информациите во светските медиуми, Израел моментно има 80 нуклеарни бомби, додека Иран официјално нема нуклеарно оружје. Јасно е дека само врз основа на овој податок, Израел може да има значителна предност во однос на Израел.

Израел поседува огромна технолошка предност

Армијата на Израел е високотехнолошки напредна, со значителни инвестиции во најнови борбени авиони, ракетни одбранбени системи како што е „Железната купола“ и во средства за водење сајбер-војна. Стратегијата на земјата нагласува брзи операции со висок интензитет и одржување технолошка супериорност над противниците. Израелските сили имаат огромна технолошка предност пред иранските сили, што делумно е резултат на воената и финансиската поддршка од САД, кои долго време се обидуваат да ја обезбедат предноста на Израел во регионот. Од друга страна, санкциите и политичката изолација го отежнаа пристапот на Иран до странска воена технологија, што го натера да развие сопствено оружје, вклучувајќи ги и ракетите и беспилотните летала што ги лансираше против Израел во април, објави американски „Блумберг“.

Иранската стратегија се темели на ракетната технологија

Иранската воена стратегија компензира за постарата опрема со значително поголем обем на сили и фокус на ракетната технологија, вклучувајќи и балистички ракети способни да достигнат различни регионални цели. Потенцијалниот напад на Иран врз Израел се очекува да вклучи балистички и крстосувачки ракети, покрај беспилотните летала што би можеле да бидат лансирани од западен Иран. Иранците изведоа сличен напад врз Израел во април. Иако е во технолошки неповолна положба и засега официјално не поседува нуклеарно оружје, се верува дека иранската армија има значителни резерви на балистички и крстосувачки ракети, како и евтини беспилотни летала.
Иран, исто така, користи тактики за асиметрично војување, вклучувајќи и употреба на прокси-сили низ Блискиот Исток, и има значителен фокус на проширување на своите беспилотни и сајбер-способности. Р.С.


Споредба на воената моќ на Иран и Израел

Копнена моќ
ИранИзраел
Тенкови 1.996 1.370
Оклопни возила 65.765 43.407
Самоодна артилерија 580 650
Влечна артилерија 2.050 300
Мобилни лансери 775 150
Воздушна моќ
ИранИзраел
Вкупно воздухоплови 551 612
Борбени авиони 186 241
Ловци-бомбардери 23 39
Транспортни авиони 86 12
Школски авиони 102 155
Специјални мисии 10 23
Воздушни танкери 7 14
Хеликоптери 129 146
Јуришни хеликоптери 13 48
Поморска моќ
ИранИзраел
Бројност на флотата
Носач на авиони 0 0
Носач на хеликоптери 0 0
Подморници 19 5
Разурнувачи 0 0
Фрегати 7 0
Корвети 3 7
Патролни чамци 21 45
Минско војување 1 0