Четири лица загинаа, а едно е тешко повредно во несреќа на жичница во италијанскиот градот Кастеламаре ди Стабија во близина на Неапол што се случила вчера попладне, јави ДПА
Италијанската планинска спасувачка служба соопшти дека гондола од жичницата паднала на земја откако се скинал кабел.
Според првичните информации, во гондолата имало пет лица. Меѓу жртвите има двајца туристи од Англија, еден од Израел и еден Италијанец, соопштија локалните власти.
Десетина патници се извлечени од другите гондоли, а во акцијата биле вклучени и хеликоптери.
Жичницата се движи до врвот Монте Фаито висок 1.100 метри, кој вообичаено нуди поглед на Неаполскиот залив. Во моментот на несреќата видливоста била слаба поради густата магла.
Жичницата работи од 1952 година. Патувањето обично трае нешто помалку од 10 минути.
Таму веќе имаше фатална несреќа во 1960 година, кога загинаа четири лица, а повеќе од 30 беа повредени, истао така, по откачување на гондола.
Во летото 2021 година, пак, гондола со 31 патник беше заглавена повеќе од еден час поради прекин на струја. Никој не беше повреден.