Фото: ЕПА

Бугарските пратеници претпладнево ќе остварат нов обид – деветти по ред за избор на претседател на Парламентот, јави БТА.

Минатата недела тие повторно не успеаја да изгласаат шеф на законодавниот дом.
Во петокот ГЕРБ-СДС ја смени тактиката – лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов објави дека ја повлекуваат кандидатурата на нивниот кандидат Раја Назарјан и ќе ја поддржат Наталија Киселова, која е предложена од „БСП- Обединета левица“. Услов беше левицата да собере мнозинство без „Преродба“ и „ДПС-Нов почеток“.

Во вториот круг беа Киселова и Силви Кирилов од „Има таков народ“, но и двајцата не го собраа потребниот број гласови поради што – денеска ќе биде деветти обид за избор на претседател на Собранието.

Во меѓувреме, во неделата се појави уште еден кандидат за функцијата – националното раководство на „Демократите за силна Бугарија“ (ДСБ) им предложи на своите коалициски партнери „Да, Бугарија“ и „Продолжуваме со промената“ заедничка кандидатура на коалицијата да биде Атанас Атанасов. Коалициските партнери ја поддржаа идејата, а од првата политичка сила од последните избори – ГЕРБ-СДС изјавија дека доколку се постигне редовна влада, премиерот мора нужно да биде од првата политичка сила.