Најмалку седум луѓе загинаа откако ферибот се преврти вo близина на брегот на Северен Кипар.
Премиерот на самопрогласената Турска Република Северен Кипар, Унел Устал изјави дека од вкупно 267 луѓе на бродот спасени се 237, а се трага по 23 исчезнати лица.
Устал истакна дека во спасувачката акција ангажирани се сите расположливи служби и ресурси.
Траектот пловел од пристаништето Киренија, познато и како Гирне, до турското пристаниште Ташугу во покраината Мерсин. Бродот почнал да се полни со вода на околу 7,5 километри од брегот.
Откако фериботот почнал да тоне некои од патниците скокнале во морето, додека другите ги чекале спасувачите на превртениот брод.


































