Фото: Пексел

Српската влада нема да дозволи потенцијалниот рудник за литиум да ги уништи неговите „реки“ и „планини“, изјави премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, но нагласи дека „економскиот потенцијал“ не треба да се игнорира.

– Никогаш нема да дозволиме некој да ги уништи српските реки, полиња, езера, шуми, ливади, планини и рамнини, но исто така нема да се откажеме од нешто што би можело да биде силен економски потенцијал и мотор за развојот на Србија во иднина – изјави Вучевиќ.

Неговата изјава денеска ја пренесоа француски медиуми, објавувајќи делови од интервју од АФП, пренесе ДПА.