Фото: 192/ инстаграм

Попладнево во 18.47 часот патнички воз удрил во задниот дел на товарен воз на пругата Оџаци – Ратково.

Во овој железнички судир нема жртви. Повредени се четворица патници, мешу кои и машиновозачот.

И патничкиот и товарниот воз сообраќале од Нови Сад кон Богојево, а до судирот дошло кога патничкиот воз го престигнал товарниот воз и удрил во задниот вагон на товарниот воз.

Според првите извештаи од терен, причина за овој несекојдневен настан е човечкиот фактор. Железничката комисија за истражување на вонредни настани спроведува истрага за да се утврди кој е одговорен за вечерашниот судир на возот.

Покрај Железничката комисија, на местото на судирот се присутни и претставници на Министерството за внатрешни работи на Србија, како и итните служби.