Србија
Предупредување за појави на снег и мраз за следните два дена објави српскиот Републички хидрометеоролошки завод (РХМЗ) во временската прогноза на својата веб-страница.
На тој начин се укажува на потенцијално опасно време поради зголемената снежна покривка за денеска и утре. Се наведува и дека може да дојде до поголеми проблеми во сообраќајот и транспортот поради снег на патиштата.
– Прогнозираните временски појави не се невообичаени, но потребна е внимателност доколку планирате активности што се изложени на метеоролошки ризик. Потребно е и понатаму да се информирате за очекуваните метеоролошки услови. Не преземајте непотребни ризици – се посочува на веб-страницата на РХМЗ. Р.С.