Фото: принтскрин

Многу сум загрижен, ситуацијата е исклучително тешка. Мораме да разговараме за следните чекори, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за Дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, јавија белградски медиуми.

Изјавата беше дадена на јавна дискусија во Атлантскиот совет за последните случувања во регионот и Дијалогот меѓу Приштина и Белград, на која беа презентирани можните решенија и беа повикани двете страни на исполнување на обврските.

– Нема краен рок за нови избори, тие треба да се одржат што е можно поскоро на север. Засега нема политичка волја за тоа. Лидерите на двете страни ќе дојдат во Брисел, средбата ќе се одржи. Важно е луѓето да го обноват нормалниот живот што е можно поскоро – рече Лајчак.

Тој истакна дека лидерите на Косово и Србија не го одбиле дијалогот.

– Верувам дека насилството не е избор на Курти. Ниту еден од лидерите не рече не за дијалогот, се надевам дека средбата ќе се одржи наскоро. ЕУ не може да биде појасна што бара, ако продолжи незнаењето, следниот чекор ќе бидат мерки. Ги поканувам двете страни да дојдат во Брисел за да го продолжиме дијалогот. Мораме да се вратиме на Охридскиот договор и неговата имплементација. Не можеме да ја принудиме едната страна да не прави ништо, туку двете страни да работат на имплементација – истакна Лајчак.

Лајчак кој е во изјави дека е загрижен бидејќи „од 26 мај имаме народ на улица, таму е косовската полиција, КФОР. Видовме неколку инциденти, но во моментов приоритет е да се тргнат луѓето од улиците, да се деескалира ситуацијата“

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар рече дека е многу загрижен, бидејќи ситуацијата на Косово може да предизвика регионален проблем.

Ги охрабруваме страните да се вратат на преговарачка маса, рече Ескобар, додавајќи оти се надева оти лидерите ќе разберат дека дијалогот е единствениот начин целиот регион да продолжи напред. зш/