Фото: Пиксабеј

Српското Министерството за одбрана, реагирајќи на информациите кои се појавија, вечерва соопшти дека војската на Србија не ја преминала административната линија и на ниту еден начин не влегла на територијата на Република Косово.

– Поради големиот број на дезинформации кои приштинската администрација намерно ги пласира во етерот и кои се шират преку лажни профили на социјалните мрежи и одредени веб-страници, а во кои се наведува дека некаков конфликт меѓу војската на Србија и т.н. повикана косовска полиција наводно се случила, Министерството за одбрана соопштува дека Армијата на Србија засега не ја преминала административната линија и на ниту еден начин не влегла на територијата на Косово и Метохија – соопшти Министерството.

Барикади и сирени во северно Косово, КФОР „ја следи ситуацијата и собира податоци“

Во северниот дел на Митровица во текот на попладневните часови се вклучија сирени. Блокирани се административните премини Брњак и Јариње. Луѓето се собираат на барикадите, а камионите го блокираат патот.