Фото: Принтскрин

Маж кој живее во близина на епицентарот на земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што утринава ја погоди Турција, го опиша моментот на ударот, посочувајќи дека „никогаш не почувствувал нешто слично“.

Ердем, кој живее во турскиот град Газијантеп, рече дека се треселе „најмалку три пати посилно отколку дете во лулка“.

– Сè уште беше многу темно за да се види степенот на штетата. Никогаш не сум почувствувал такво нешто во 40 години од мојот живот – додаде тој во изјава за медиумите.

Тој вели дека сите луѓе седеле во своите автомобили или се обидувале да возат некаде на отворено, подалеку од зградите.

– Не можам да замислам дека ни еден човек останал во својот дом во Газиантеп – рече тој.

Најмалку 500 луѓе загинаа во разорниот земјотрес, додека повеќе од 200 згради се уништени. Спасувачите се уште трагаат по преживеани под урнатините.