Грција

Неколку илјади демонстранти повторно се собраа во Атина за да ги отфрлат новите биометриски лични карти, осудувајќи го ризикот од „електронско ропство“ и контрола на поединци. Со грчки знамиња, крстови, икони, темјан, илјадници Грци организирани преку социјалните мрежи, во неделата одржаа мирен протест во центарот на Атина против новите биометриски лични карти што ќе ги воведе грчката влада. Насобраните протестанти носеа плакати со натписи „Не – електронско ропство“ и „Демократијата има референдуми, фашизмот има декрети“. Локалната полиција соопшти дека на собирот имало околу 2.500 луѓе.
Грчката влада минатата недела објави дека постапката за добивање нови лични карти ќе започне на 25 септември, потсетувајќи на обврската на Грција да ги почитува европските прописи за „зајакнување на безбедноста“ на документот.
Сите земји-членки на Европската Унија мора да издаваат нови биометриски лични карти до 2026 година, според договорот усвоен во 2019 година. Р.Б.