Фото: Влада Србија

Забраната за увоз на руска нафта, како дел од европските санкции против Русија, иницирани од Хрватска, очигледно е отворен чин на непријателство кон Србија и дека тие се подготвени да искористат сè против Србија, вклучително и енергетската криза, изјави денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.

– Ќе има уште многу тешки разговори. Вучиќ утре на прес-конференција ќе соопшти некои стратешки одлуки – истакна Брнабиќ.

Ќе мораме малку поинаку да се позиционираме, кажа Брнабиќ за телевизија „Прва“, без да прецизира што ќе значи промената на ставот на официјален Белград и според кого.

– Единствениот нафтовод на кој сме поврзани, за жал, минува низ Хрватска. Таа покажа дека е несигурен партнер, несигурен снабдувач и дека ја користи енергијата за политички цели – рече Брнабиќ.

Таа оцени дека најавата од Европската Унија дека Србија не е изземена од осмиот пакет санкции против Русија и дека не е изземена од одлуката за забрана за увоз на руска нафта „практично значи санкции против Србија“.

На прашањето дали Србија може без увоз на нафта од Русија, Брнабиќ одговори:

– Можеме целосно без руска нафта – посочувајќи дека снабдувањето од други извори ќе биде значително поскапо.деривати до трети земји и сродните услуги.