Фото: Принтскрин

Пред градското собрание во Нови Сад станува се потензично – регистрирани се инциденти, искршени се прозорци, а фрлен е и солзавец неколкупати.
Искршени се прозорци на Градското собрание, а градски советници се обидоа да влезат во собранието и да поднесат барање за смена на функционери, но полицијата не им дозволи, oбјави „Бета“.

Демонстранти се обидуваат да влезат насилно во Собранието и фрлаат петарди, но полицијата возвраќа со солзавец и спреј – јавија локалните медиуми.

Група учесници на вечерашниот протест на опозицијата во Нови Сад фрлија факели во зградата на Градското собрание во Нови Сад, поради што се запали приземјето на зградата каде што е сместена полицијата.

Градскиот советник Миша Бачулов бара пратениците и советниците да застанат во првите редови и да ги предадат барањата кои се однесуваат на оставки и преземање одговорност.

Претходно, на протестот беше речено дека властите добиле рок од 48 часа да ги исполнат барањата и да поднесат оставки, во спротивно демонстрациите ќе бидат префрлени во Белград.

Организаторите ги повикуваат насобраните да не создаваат немири, да не се обидуваат да влезат во градското собрание и да не кршат, а тие што предизвикуваат немири тврдат дека се „уфрлени елементи“.

Насобраните бараат оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ.