Фото: Пиксабеј

Неколку основни и средни училишта, како и градинки, во Бања Лука и други градови денеска добија пораки за поставени експлозивни направи, а полицијата е на терен и ги проверува дојавите.

Родителите на учениците биле известени децата да не одат во училиште во прва смена бидејќи полицијата врши противдиверзионен преглед – наведува „РТРС“.

Дојави за поставени бомби добиле и училиштата во регионот на Добој и Зворник.

Полициската управа Бања Лука соопшти дека утрово примила повеќе пријави за пристигнати пораки на електронските адреси на основни и средни училишта во Бања Лука, во кои се наведува дека се поставени експлозивни направи – пренесува „РТРС“.

– Полициските службеници постапуваат по пријавите во согласност со Упатството за постапување на припадниците на Министерството за внатрешни работи во случај на закана за поставена експлозивна направа или друг опасен предмет –  соопшти Полициската управа Бања Лука.