Фото: Пиксабеј

Поради дојава за бомба евакуирана е зградата во која се наоѓаат Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд во Подгорица.

Како што дознава порталот РТЦГ, информацијата за поставената бомба била добиена по електронска пошта.

– Нешто многу големо ќе се случи, нашето братство постави многу моќен експлозив на неколку места, да видиме дали ќе го најдете пред ударот. Ве предупредуваме, а вие продолжете да ги следите политичките лидери. Да живее Србија, да живее Русија, да живее Република Српска – се наведува во заканувачкиот мејл.

Во тек е контрадиверзантски преглед  во зградата на судовите во Подгорица.