Европската комисија денеска соопшти дека очекува Грција да ги провери податоците од истрага на Би-би-си дека десетици мигранти во изминатите години биле исфрлени во морето од грчката крајбрежна стража и се удавиле пред да стигнат до ЕУ и да побараат азил.
– Миграцијата мора да се управува со хуманост и достоинство – рече портпаролот на ЕК на прес-конференција како одговор на прашања.
Според него, заштитата на границите мора да се врши во согласност со човековите права.
– Одговорност на засегнатата земја е да ги истражи прекршувањата на податоците – рече портпаролот.
– Грчките власти мора целосно да се усогласат со европското и меѓународното законодавство, вклучително и обезбедување пристап до процедурата за азил – додаде тој.