Десетгодишно момче е приведено на грчкиот остров Лезбос кога било откриено дека подметнало пожари, пренесуваат медиумите во регионот.
Детето признало дека ги палело дрвјата во областа Агија Киријаки.
Како што пренесуваат грчките медиуми, момчето дало бизарен изговор за своето однесување при сослушувањето.
– Палев затоа што сакам да ги гледам пожарникарите на работа – изјавило момчето.
Против него е поведена постапка.