Неколку пожари избувнаа денеска и претходните денови на црногорското приморје. Во моментов пожарникарите се борат со пожарите во Пераст, Чрвње, Каменар и во Горни Столив.
Голем пожар пред две ноќи го зафати ридот над Пераст, а пожарникарите целата претходната ноќ беа на терен за да спречат огнот да дојде до куќите. Воените пилоти на Црна Гора вчера девет часа го гаснеа пожарот во Бока Которска, со помош на два хеликоптери.
Пожарот во Пераст денеска конечно бил локализиран, но како што забележува репортерот на Нова.рс, зад ридот каде што избувна пожарот се уште се извива чад.
На црногорските пожарникари кои веќе два дена го гаснат пожарот на непристапниот терен во Бока Которска утре на располагање ќе им биде канадер од Република Хрватска.
Над Црвена плоштад во Сутомор денеска избувна голем пожар, чие гаснење го отежнува ветерот и непристапниот терен, а пожарот дошол и до станбени згради.
Радио Бар јавува и дека селата Витиќи и Перановиќи во Горњи Шушањ се без струја, а полицијата ги враќа автомобилите кои се движеле по автопатот Бар-Сутоморе.
Поради пожарот привремено бил во прекин и железничкиот сообраќај. На помош на пожарникарите од Бар пристигнале колеги од Подгорица со две противпожарни возила и пет пожарникари, а им помагале колеги од Будва, Тиват, Улцињ, Цетиње..
Поради зајакнување и промена на правецот на ветерот пожарот над Каменар забрзано се шири и се спушта по ридот над Каменар. Според информациите од теренот, армијата на Црна Гора почнала од воздух да интервенира и на ова подрачје, за да се спречи натамошното ширење на пожарот, кој гори од претходната ноќ, предизвикан од удар на гром.
Повторно гори и во Горни Столив, потврди во 19 часот за Радио Котор заменик-командантот на Службата за заштита и спасување Котор, Едуард Ковачиќ.
Хеликоптерот на Војската на Црна Гора се упати кон Столив, откако интервенираше на спротивната страна на заливот. Состојбата дополнително ја влошува североисточниот ветер кој во моментов е во пораст.