Бугарија
Бугарскиот парламент го отфрли предлогот за повторно воведување дополнителна такса за транзитот на руски гас во централна Европа, што можеше да предизвика незадоволство во Србија и во Унгарија.
Во октомври 2023 година Бугарија воведе такса од 10 евра за мегават-час руски гас што минува низ нејзината територија, поради што Унгарија се закани дека ќе го блокира членството на Бугарија во шенген. Бугарскиот парламент потоа во декември 2023 година го укина данокот, кој се очекуваше да собира 1,2 милијарда евра годишно.
Во почетокот на годинава, откако Бугарија и Романија се приклучија на шенген, во Софија повторно се појавија предлози за воведување данок на транзит на руски гас. Проевропската либерална партија „Ја продолжуваме промената“ предложи повторно да се воведе истата такса, откако гасоводот Балкански тек, кој минува низ Бугарија, остана единствената транзитна рута за рускиот гасовод до ЕУ.
Теменужка Петкова, која беше министерка за енергетика во двете влади на партијата ГЕРБ на бившиот премиер Бојко Борисов и сега е фаворитка да стане министерка за финансии во идната влада во која доминира ГЕРБ, рече дека тоа никогаш нема да се случи. Таа рече дека за да се принуди „Газпром“ да ја плати оваа такса, ќе треба повторно да се преговара за условите за транзит на рускиот гас. Во вторникот бугарскиот парламент ги прифати аргументите на ГЕРБ и го отфрли предлогот за враќање на таксата. Р.С.