Фото: Интернет-страница на бугарското обвинителство

Бугарското Специјално обвинителство и Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) собрале податоци за истрага за шпионажа во корист на Руската Федерација, се дознава од објава на Твитер на државниот обвинител Иван Гешев. Тој ги испратил податоците до министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Гешев, рускиот дипломат соработувал со бугарски генерал од резервата, кој имал пристап до доверливи информации.

Ова е седми случај во кој Бугарија тврди дека руски дипломати се занимаваат со шпионажа на нејзината територија.