Фото: Фејсбук

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во интервју за емисијата „Око“ на РТС, што ќе се емитува вечерва, зборуваше за предусловите за спроведување на европскиот план и спомена дека формирањето на Заедницата на српските општини е главниот предуслов.

Лајчак кажа дека доколку го погледнете предлогот на ЕУ, тој зборува за нормализација, а не за некаква капитулација.

Тој во неколку наврати повтори дека Заедницата на српските општини мора да се формира и подвлече дека „доколку нема ЗСО, нема ни договор“.

Целта, вели Лајчак, не е некој да победи или да загуби. Целта е да се бара вин-вин  ситуација и да се отвори европската врата.

Средбата во Охрид, напоменува, има за цел да се договориме за исполнување на договорот, што има таква поддршка од ЕУ што, како што нагласи, не се памети во минатото.

Специјалниот пратеник од вчера е во Белград, а денеска ќе ги продолжи разговорите со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Лајчак оствари средба и со дел од опозицијата, пренесе белградски „Данас“.