Фото: Илустрација/Принтскрин - јутуб

Српската полиција трага по Слободан Хомен, поранешен државен секретар во Министерството за правда, поради сомнение дека организирал кражба на 43.000 скапи државни одликувања, поголемиот дел од поранешна СФР Југославија, што се случило во 2011 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Уапсени се осум лица, од кои две жени, а се трага по уште две лица осомничени дека ги ограбиле одликувањата од зградата на поранешen СИВ на Југославија (Палата Србија). Меѓу осомничените е и адвокатот Слободан Хомен, поранешен државен секретар на Министерството за правда во владата на премиерот Мирко Цветковиќ. Медиумите наведуваат дека грабежот на државните одликувања се случил во 2011 година и дека Хомен, колекционер на одликувања, им наложил на одредени вработени да ги изнесат државните одликувања од собите во кои се чуваат и да му ги предадат, по што тој ги врaќал кутиите запечатени, но празни, поради што по него е распишана потерница.

Според Третото основно јавно обвинителство, од Канцеларијата за ордени биле украдени 43.000 државни одликувања со исклучително висока вредност.

– Не знаеме кои примероци од државните одликувања се украдени, но државниот врв на СФРЈ делеше многу ретки и вредни украси чија цена може да се движи од неколку десетици до неколку стотици илјади евра – изјави хералдичарот Немања Тодоровиќ Штиплија за Н1.

Инволвираните во ова кривично дело се добро познати во круговите на колекционнери на одликувања и точно знаеле што прават.

-Количината што беше изнесена од Палатата Србија е изненадување за мене. Тоа е огромна количина и може да биде сешто. Можеби би било добро полицијата да даде список на украденото, бидејќи може да има и многу вредни и нешто помалку вредни примероци на пазарот на антиквитети, кажа Тодоровиќ Штипља.

На кој начин се чувале тие одликувања од крајот на постоењето на Југославија до денес, не и е познато на јавноста, како и дали истите биле предмет на реституција на наследството на СФРЈ.

– Орденот на слободата се доделуваше многу ретко, околу пет или шест пати во Југославија, а можеби уште два или три пати надвор од земјата – изјави Штиплија.

Изработен е од злато и платина со 40 рубини и 60 дијаманти во него. Тоа е многу вредно од колекционерски аспект, од неколку десетици до неколку стотици илјади евра. Верувам дека властите на Југославија имаат напраено дупликат на овој орден и уште неколку примероци. Сега се прашувам каде се чува тој орден? Орденот на југословенската ѕвезда е исто така направен од злато, платина и рубини. Орденот на хероите на социјалистичкиот труд има пет рубини – изјави тој, додавајќи дека не е сигурен дали тие примероци се чуваат во просторијата од која исчезнаа одликувањата.

– Се што остана од поранешната држава требаше навреме да се депонира во други институции, пред се Музејот на Југославија и Архивот на Југославија, а не да собира прашина во зградата на СИВ. По завршувањето на постоењето на Југославија, голем дел од одликувањата на таа држава останаа неподелени и треба да разговараме кои институции треба да ги преземат одликувањата и работите што ги оставија државите кои веќе не постојат – порача хералдичарот Немања Тодоровиќ Штиплија.